Фудбал
11. September 2017 - 15:41

Рајола: Зад ПСЖ стои државата Катар!

Мино Рајола, еден од најпознатите фудбалски агенти, кој меѓудругите ги застапува интересите на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Марко Верати, Џиџи Донарума, смета дека ништо ненормално не се случило со рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ.
 
„Сите зборуваат за Нејмар, а забораваат колку пари за него плати Барселона. Со неговиот трансфер ПСЖ ја покажа моќта на Катар бидејќи Нејмар го купи државата, а не клубот. Доколку Зинедин Зидан сè уште беше активен како фудбалер, денес би вредел исто колку Нејмар“, рекол Рајола.
 
Контроверзниот фудбалски агент проговорил и за Милан, тим во кој игра неговиот клиент Донарума. Негово мислење е дека челниците на Милан не работеле добро.
 
„Немам ништо лично против Марибели и Фасоне, но едноставно не верувам во нивниот проект. Од трошењето пари некогаш може да ве заболи главата. Не значи дека добро сте купувале само поради тоа што сте потрошиле 220 милиони евра“, рекол Рајола.
 
„Исто така Милан го прекрши ветувањето кое го даде за Донарума. Пред потпишувањето на договорот тие предложија тој да ја добие капитенската лента, ние не го баравме тоа. Можете да видите дека ветувањето не е исполнето“, открил познатиот фудбалски агент.
 
За потсетување, сагата околу потпишувањето на новиот договор на Донарума траеше неколку недели, а на крајот Рајол издејствува голманот да има годишна плата од шест милиони евра, со што стана најплатениот играч на Милан.
 
Подоцна таа чест, заедно со капитенската лента, му припадна на Леонардо Бонучи, кој годишно заработува 7,5 милиони евра.