Фудбал
9. December 2019 - 8:52

Раjола сака од Милан нов договор за Бонавентура пред крајот на годината

Мино Рајола, агент за играчот од средниот ред на Милан, Џакомо Бонавентура, преговара за нов договор, пренесува италијанскиот новинар Николо Шира на Твитер.

– Агентот би сакал да се договори за нов договор пред крајот на оваа година. Тој очекува договорот да трае до летото 2022 година. Милан претпочита да го реши ова прашање до идната пролет. Ако страните не се договорат Бонавентура може да оди во Рома или Наполи, соопшти Шира, кој важи за добар познавач на италијанскиот фудбал.

Триесет годишниот Бонавентура оваа сезона има одиграно осум натпревари за Милан и постигнато два гола.