Свет
2. March 2017 - 10:29

Рајан Зинки положи заклетва како министер за внатрешни работи на САД

Рајан Зинки (55) положи заклетва како министер за внатрешни работи на САД во присуство на заменик-претседателот Мајкл Пенс неколку часа, откако Сенатот ја одобри неговата кандидатура со 68 гласа „за“ и 31 глас „против“. 

Во САД Министерството за внатрешни работи не употребува сила, а се занимава со управување на земјата и добивање природни ресурси.

Освен тоа Министерството контролира различни проекти, поврзани со Индијаците и домородните жители на Аљаска и Хавајските Острови. 

Зинки вети дека ќе спроведува проекти за поддршка на националите паркови, проценети со вредност од 12 милијарди долари, како и дека цврсто ќе се спротивстави на обидите за продажба, донирање или префрлање федерално земјиште.

Со одобрувањето на номинацијата на Зинки Сенатот утврди 16 од 22 кандидати на претседателот Доналд Трамп за членови на неговиот кабинет.