Џет-Сет
30. јуни 2017 - 9:33

Рајан Рејнолдс: Му го спасив животот на мојот внук

Рајан Рејнолдс на филмското платно се бори против негативците, но покажа дека и во реалноста е вистински херој.

На својот Инстаграм, глумецот неодамна објави слика од својот втор курс по прва помош, а во придружниот коментар објасни како првиот курс го положил пред неколку години и дека тоа му помогнало да му го спаси животот на својот внук.

Курсот го посетува и неговата сопруга Блејк Лајвли.

- Се приклучив на курсот за прва помош за бебиња и мали деца. Ако уште не сте го пробале ова, ќе Ви се допадне, напиша глумицата под фотографијата на својот Инстаграм.