Рафа Мир ги негираше обвинувањата за сексуално насилство
Фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир ги отфрли обвинувањата за сексуално насилство. Ова се случи само еден ден откако тој беше ослободен од притворот, во кој се најде во понеделникот.
-Рафа Мир категорично ги отфрла обвинувањата против него. Истрагата ќе ги разјасни околностите и ќе покажеме дека тие се неодржливи, изјави неговиот адвокат Хаиме Кампањере, цитиран од шпанските медиуми.
Судот во Шпанија објасни дека наводите за насилство вклучуваат и сексуален чин. Фудбалерот на Валенсија, кој има играно и за Севиља и Вулверхемптон, во текот на истрагата доби забрана да ја напушти Шпанија. Добил одмор до крајот на неделата, а од понеделник ќе продолжи со тренинзите.
Минатата година во Шпанија сличен скандал имаше и со уште еден фудбалер - играчот на Селта Виго Санти Мина, кој, сепак, беше осуден на четири години затвор, а договорот со Галицијанците му беше раскинат.
Ново на Сител
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб
-
Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија
-
Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида
-
Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож