Тенис
25. May 2022 - 20:16

Радукану и Сакари елиминирани од Ролан Гарос

Серија изненадувања на стартот на женскиот турнир на Ролан Гарос. Борбите завршија за Марија Сакари и Ема Радукану.
Освојувачката на последниот УС Опен Радукану загуби од  Александра Саснович, од Белорусија која по загубениот прв сет ги освои убедливо следните два со 6-1 и 6-1 и заслужено се пласира во следната рунда. 
Куферите прерано ги спакува и третата тенисерка на ВТА листата, Марија Сакари. Од Грција.  Таа загуби од  расположената Каролина Мучова од Чешка  во два тај-брејка (7-5 и 7-4).
Во следното коло од фаворитите се пласираа  Викторија Азаренка, како и Анџелика Кербер.