Бизнис
18. July 2018 - 19:43

Радовиш доби пречистителна станица

Радовиш доби современа пречистителна станица за третман на отпадните води.  Заедно со неа е ревитализирана и проширена примарана канализациона мрежа. Се работи за проект вреден 6 милиони евра во чии рамки се  изградени  колектори и нов пристапен пат. Станицата е со инсталиран капацитет за 25.000 жители.

,, Ова е мал но многу значаен чекор код достигнувањето на европските стандарди за здрава и чиста животна средина и квалитетен живот. Тоа е промената што ја очекуваат нашите граѓани,  а која што веќе се случува во Република Македонија.,, рече Зоран Заев, претседател на Влада. 

Средствата за реализација на проектот се  обезбедени од  страна на Европската Унија со контрибуција на Владата преку  ИПА програмата од делот за регионален развој.

,, Веќе отворивме пречистителни станици во Прилеп Струмица и Кичево. Помошта за овој сектор останува да биде наш приоритет и во наредните години со одведени повеќе од 113 милиони евра.,, рече вероамбасадорот Самоул Жбогар 

Изградбата на Пречистителната станица во Радовиш започна во 2016 година, а целосната изградба заврши за две години.