Кошарка
17. November 2016 - 16:54

Радоњиќ избран за најдобар тренер во седмата рунда од Евролигата

 Предводникот на Црвена звезда Дејан Радоњиќ е прогласен за најдобар тренер на седмиот круг од кошаркарската Евролига во изборот на веб страната „Еурохупс“.
 
Белградските „црвено-бели“ се единствените со гостинска победа во ова коло од елитното натпреварување.
 
- Погодете кој е единствениот тим што победи на гостински терен во оваа рунда? Во право сте, тоа е Црвена звезда. Тие успеаја да го совладаат Бросе, а тренер Радоњиќ за кој се пишува не поради зборови, туку поради дела, повторно успеа. Оваа победа српскиот тим го задржува на вистинската насока и со јасни шанси за борба за место во плеј-офот. Ако продолжат со ваква игра, на крајот, кој знае, се вели во образложението на одлуката на „Еурохупс“.
 
Црвена Звезда по седум круг има скор од три победи и четири порази, а вечерва од 19 часа во Евролигата го пречекува Армани од Милано.