Радев: Следната недела ГЕРБ ќе добие мандат за формирање влада
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска најави дека следната недела ќе и го додели мандатот за формирање нова влада на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), која освои најголем број пратеници на предвремените парламентарни избори одржани на 26 март.
Како што јави БТА, Радев ваквата изјава ја даде пред денешниот почеток на конститутивна седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија.
Радев нагласи дека се надева оти новата влада ќе биде формирана на почетокот на мај и најави дека конструктивно ќе соработува со неа.
Минатата недела ГЕРБ соопшти дека со коалицијата Обедините патриот постигнале договор за програмата за работа на нивната заедничка влада, која ќе биде предводена од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Според најавите, преговорите за распределбата на министерските ресори во новата влада ќе почнат во текот на оваа недела.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ