Радев денеска го распушти бугарскиот Парламент, новите избори на 2 април
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го распушти парламентот на земјата и најави предвремени избори за 2 април.
Радев назначи и преодна влада пред вонредните парламентарни избори, петти во Бугарија во последните две години, јавија медимите кај источниот сосед.
Радев повторно го назначи 55-годишниот политичар Галаб Донев, за премиер на привремената влада додека следниот парламент не ја избере новата влада.
Назначувањето доаѓа откако трите најголеми политички групи во длабоко поделеното Национално собрание не успеаја да најдат заеднички јазик за одржлива коалициска влада по последните предвремени избори, одржани во октомври.
Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 67 пратенички места, повеќе од која било друга партија, но не и мнозинство во 240-члениот парламент.
Другите партии одбија да формираат сојуз со ГЕРБ поради обвинувањата за корупција и наводниот неуспех на партијата да ги спроведе реформите кога беше на власт.
Либерална партија, Промените продолжуват и социјалистите не најдоа доволно поддршка за формирање влада.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората