Loading Video...
Свет
18. јуни 2020 - 16:31

Радев: Бојко Борисов е закана за бугарската влада

Бојко Борисов е закана за бугарската влада, а никој не може подобро да ја дискредитира владата, како што може самата да го стори тоа, вака претседателот Румен Радев, одговори на обвинувањата на Борисов дека го снимал со дрон. Радев не негира дека користи дрон, но вели дека неговата фантазија има граници.

Ова следи по фотографиите кои излегоа во јавноста, а на кои се гледа како Борисов спие во својата резиденција. Ова го разлиши, па свика прес конференција на која го обвини шефот на државата дека стои зад тој скандал и оти лично Радев го управувал дронот.

Две лица загинаа, а 8 се повредени во сообраќајна несреќа која се случи утрово во Белград. Несреќата се сличила во центарот на градот, кај Владата, кога возач на автомобил БМВ поминал на црвено светло и се судрил со комбе, по што удрил и зградата на Владата. Ударот бил толку силен, што не постоел друг начин да се извлеќат повредените, освен пожарникарите да ги исечат автомобилите.  Во Ургентниот центар примени се 8 повредени лица.

Полицаецот кој  го застрела 27-годишниот Афроамериканецот Рајшард Брукс, ќе биде обвинет за убиство. Обвинителството ќе покрене вакво обвинение бидејќи афроамериканецот, според нив не покажувал агресија во ниеден момент за време на апсењето. На полицаецот кој веќе доби отказ од работа, му се заканува доживотен затвор или смртна казна ако биде осуден. Според доказите, на обвинителството, на Брукс во ниеден момент не му било кажано дека е уапсен поради возење под влијание на алкохол, но и тоа дека соработувал со полицијата. Исто така обвинителот истака дека согласно законот на полицајците од Атланта им е забрането да пукаат од пиштол во некого кој бега. По убиството следуваа масовни протести во градот, по примерот на претходните кога поради полициската брузалност почина и афроамериканецот Џорџ Флојд. Во меѓувреме не престануваат инцидентите во САД. На ова видео се гледа како полицаец вперува пиштол во тинејџери, а случајни минувачи го молат да не ги повреди. Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на полицијата, велејќи дека полицајците не се третираат правилно.