Македонија
10. February 2017 - 13:14

Рачна бомба пронајдена на раскрсница во Тетово

Рачна бомба е пронајдена вчера попладне во Тетово на раскрсницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „Мурат Бафќари“, кај Балезова чешма.

Како што соопшти МВР, бобмбата ја пронашол  Д.А. (1966) во 17:20 часот, ја замотал во најлонска ќеса и ја донел во Полициската станица.

Од страна на полициски службеници бомбата е обезбедена и во 20 часот е предадена на пиротехничар од ДЗС.

СВР-Тетово презема мерки за расчистување на случајот.