Македонија
25. May 2018 - 11:44

Работник тешко повреден при пад од скеле на во Струга

Вчера околу 13.30 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, С.Ѓ. (23) од с.Велестово, охридско, при извршување на градежни работи на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“во Охрид каде му била укажана лекарска помоп и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.