Македонија
12. May 2021 - 11:12

Работник пријавил физички напад од претпоставениот во Кавадарци

Триесет и тригодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот претпоставен. Нападот се случил во фабриката во која работи.

– Вчера  во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи,  бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По целосно документирање на случајот,  ќе биде поднесена соодветна пријава.