Македонија
13. September 2017 - 13:11

Работник почина од струен удар во Струга

Градежен работник починал од струен удар вчера додека местел олуци на куќа во Струга.

МВР соопшти дека четирисет и четиригодишниот Г.М. заедно со неговиот брат А.М. и со М.П., сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, местеле олуци  на куќата во Струга, при што со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, добил електричен удар и паднал. 

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во болницата во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Струга. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.