Македонија
8. October 2019 - 22:56

Работник додека извршувал работни задачи се здобил со повреди - пренесен во болница

На 07.10.2019 околу 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека Н.С.(49) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Гостивар. Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.