Loading Video...
Кошарка
26. May 2018 - 11:54

Работнички ја освои титулата

Работнички е новиот шампион на Македонија, откако и во третиот натпревар од финалната серија го совлада МЗТ Скопје. 
 
Одново во неизвесен меч во кој гостите во поголемиот дел имаат резултатска предност, а во еден миг дури и 14 поени, Работнички ја искористи предноста на домашниот терен за на крајот домаќините успеаа да победат со 87:84.
 
 Кај Работнички најефикасни беа Чавдар Костов со 19 и Димитар Караџовски со 17 поени, а Андрија Бојиќ со 17 и Дамјан Стојановски со 16 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје.
 
Со тоа тимот од „Градски парк“ стигна до вкупно 15-тата шампионска титула во историјата, прва по пауза од девет години, а воедно ја прекина и шест годишната доминација на „лутиот“ ривал МЗТ Скопје .