Македонија
21. January 2020 - 16:44

Работни групи, а не лидерска средба за закон за обвинителство

Работни групи, а не лидерска средба за законот за обивнителство договориле претставниците напрвите луѓе на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Како што брифираат од опозциската партија на средбата меѓу Бојан Маричиќ, советник на Заев и Тимчо Муцунски, советник на Мицкоски станало збор за можните решнија и за реактивирање на дијалогот меѓу власта и опозцијата за ова законско решение во кое се решва и статусот на обивнителството за гонење на висок профил на корупција

-Најавени се предлози и забелешки од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои ги изработуваат стручните тимови по што се очекува и средба на работните групи кон крајот на оваа или наредната недела. Камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обивнителство кое е подложно на политички злоупотреби, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, двете партии продолжуваат меѓусебно да се обивнуваат за тоа кој не сака европски закон за да го заштити криминалот во своите редови.

 

 

Катерина Нешкова