Македонија
10. јуни 2017 - 9:09

Работилница за млади карикатуристи „Доза на сатира за здрава демократија“

Инфо работилница за млади кои сакаат да научат за уметноста на пренесување на пораки преку цртеж ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Остен арт“.

Работилницата е во рамки на проектот „Доза на сатира за здрава демократија“, кој е наменет за сите млади, будни и љубопитни лица од 14-20 годишна возраст, кои сакаат да научат нешто повеќе за карикатурата како визуелен медиум и за нејзината моќ во креирањето на критичката мисла во едно демократско општество.

Како што е најавено, работилницата ќе се одржи во Американското катче во Скопје и ќе ја водат карикатуристот Драган Поповски и едукаторот Јулика Шундовска.