Македонија
19. October 2016 - 10:56

Работилница за изработка на Стратегија за интегриран развој на Општина Илинден

Во Домот на култура „Илинден“ денеска се одржа Втората работилница во рамките на реализацијата на проектот за изработка на „Стратегија за интегриран развој на Општина Илинден за периодот 2017-2021 година“, што Општината ја изработува во соработка на ОБСЕ-Мисијата во Скопје.

Учесниците на работилницата, покрај другото, дискутираа за ревидирање на визијата и мисијата на Стратегијата 2017-2021 година, како и за дефинирање на матрицата на јаки, слаби страни, можности и закани.

Како нов стратешки документ за развој на Општина Илинден, Стратегијата се планира да биде усвоена од страна на Советот на Општината, до крајот на годинава.

Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година и Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден 2012-2016, што Општината ги изработи исто така со ОБСЕ-Мисијата во Скопје, беа реализирани со процент од над 90 отсто успешност, што придонесе за брз локален економски развој на Општина Илинден.