Свет
24. јуни 2021 - 13:10

Раб: Не се точни објаснувањата на Русија дека е пукано кон британски воен брод

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави денеска дека не било пукано кон британски воен брод во Црното Море и дека руското објаснување за инцидентот е очекувано неточно.

Властите во Москва вчера објавија дека руски патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот воен брод „Дифендер“, бидејќи наводно влегол во руските територијални води во близина на Крим.

– Не беше пукано кон „Дифендер“ кој минуваше низ украинските територијални води, изјави Раб за време на посетата на Сингапур.

Тој нагласи дека бродот пловел согласно меѓународното право и дека рускиот извештај за настанот е предвидливо неточен.