Путин: САД ги лажеа Русија и целиот свет зборувајќи за иранска нуклеарна закана
Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност дека САД ги лажеле Русија и целиот свет зборувајќи за нуклеарната закана од Иран.
Тој ова го изјави на денешното заседание на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“, цитиран од ТАСС.
-Овие денови се спроведоа првите тестирања на американската противракетна одбрана во Европа. Што тоа значи? Тоа значи дека кога споревме со нашите американски партнери, дека бевме во право. Уште еднаш се обидоа да не доведат во заблуда и нас и целиот свет или едноставно кажано - не излагаа, рече Путин.
Путин посочи дека прашањето не е во хипотетичката нуклеарна закана, која никогаш и не постоела, туку во обидите да се разурне стратегискиот баланс.
-Да се промени соодност на силите во твоја полза така што не само да доминираш, туку да имаш можност и да ја диктираш својата волја - како кон твоите геополитички конкуренти, но, исто така, според мене, и врз твоите сојузници, продолжи рускиот претседател.
„Ова е исклучително опасно сценарио за развој на настаните, што им штети на сите, вклучувајќи ги, според мое мислење, и самите Американци“, изјави рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца