Свет
5. November 2015 - 15:42

Путин: Русија секогаш ќе ги заштитува своите сонародници зад границата

Русија секогаш ќе ги заштитува своите сонародници зад границата, особено во сложени кризни ситуации, како оние во Јемен, Либија и Сирија, посочи рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС.

Путин денеска зборуваше на петтиот Светски конгрес на сонародниците, што се одржува во Москва. 

Рускиот претседател подвлече дека сигурната заштита на сонародниците од секакви форми на дискриминација останува принципиелна задача на руската држава.

Според него, станува збор за гарантирање на таквите клучни права, како изучување на мајчиниот јазик или почитување на културните и духовни традиции.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи со реализирање на програмата, што го помага доброволното преселување на сонародниците во Русија, како и содоветните регионални програми. Тој напомена дека само со државната програма во Русија се преселиле над 367.000 лица, а 130.000 од нив дошле од Украина.

Според него, подршката на сонародниците зад границата помогнала за „сплотување на руското општество за време на повторното приклучување на Крим и Севастопољ кон Русија“.