Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.
Путин оцени дека европските партнери поставуваат услови за можен мировен договор за Украина што Москва ги смета за „апсолутно неприфатливи“, пренесува Хина.
-Немаме намера да водиме војна со Европа, но ако Европа тоа го сака и започне, ние уште овој момент сме подготвени, изјави рускиот претседател пред новинарите, во пресрет на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва.
Рускиот лидер ги обвини земјите од Европската Унија дека се обидуваат да ги поткопаат американските напори за ставање крај на војната во Украина.
-Тие немаат мировен план, тие се на страната на војната, оцени Путин.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
