Свет
1. јуни 2017 - 19:23

Путин: Русија ќе и продаде на Турција ракетни системи С-400

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да и продаде на Турција модерни ракетни системи земја - воздух С-400.

Тој посочи дека за таквата одлука известена е Анкара.

Путин изјавата е даде пред меѓународни медиуми, кои се присутни на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.