Путин прогласи вонредна состојба по излевањето нафта во река во Сибир
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг.
Резервоар за гориво во електрана во близина на сибирскиот град Норилск се распадна минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта се и излеаја во реката, јавува Би Би Си.
Путин бил бесен откако разбрал дека владини претставници дознале за несреќата дури два дена откако се случило.
Со електраната управува фирма ќерка на Норилск Никел, водечка светска компанија во производство на никел и паладиум.
На вчерашната видео конференцијата, Путин остро го критикуваше челникот на компанијата за неговиот задоцнет одговор. – Зошто владините агенции дознаа за тоа два дена по настанот, го прашал Сергеј Липин, шеф на компанијата што управува со електраната. – Дали ќе дознаваме за итните случаи преку социјалните медиуми?, праша Путин.
Путин нареди да се започне истрага за несреќата, а управителот на електроцентралата е во притвор.
Норилск Никел преку соопштени посочи дека инцидентот бил пријавен „навремено и правилно“.
Несреќата се случила кога потпорните темели на резервоарот почнале да пропаѓаат. Резервоарот е изграден на пермафрост, постојано замрзната почва, која почнала да се топи како резултат на климатските промени. Нафтата стаса до реката Амбарнаја, долга 12 километри, чии делови се сега во црвена боја.
Поради воведувањето вонредна состојба, дополнителни сили ќе бидат испратени во областа за да помогнат во операциите за чистење.
Се верува дека ова е втора најголема несреќа во модерната руска историја, во однос на количината на штетен материјал за природата, изјави експерт на Светскиот фонд за природа.
Ова не е прва несреќа во погон на Норилск Никел. Таа компанија призна во 2016 година дека поради несреќа во еден од погоните, реката се обои во црвена боја.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ