Путин ја одобри новата доктрина за употреба на нуклеарното оружје
Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата државна доктрина за употреба на нуклеарно оружје во која, меѓудругото, се вели дека Русија ќе биде подготвена да искористи нуклеарно оружје или други воени средства за масовно уништување доколку се употреби слично оружје против неа или нејзините сојузници.
Тоа се предвидува, исто така, и доколку земјата се соочи со не-нуклеарна агресија, што претставува закана за државата или удар за одбранбените нуклеарни способности на Русија, јави Тасс.
Путин вчера го потпиша декретот со кој се одобрува спроведување на новата државна доктрина за употреба на воените нуклеарни способности на Русија.
Во документот се наведува дека рускиот претседател може, доколку е потребно, да го извести воениот и политичкиот врв на други земји или меѓународните организации за подготвеноста за употреба на нуклеарно оружје, за одлуката за употреба на истото оружје, како и фактот дека веќе се користи нуклеарно оружје.
„Државната политика за употреба на нуклеарно оружје е одбранбена, со цел да ги задржи будни нуклеарните потенцијали на ниво што ќе обезбеди нуклеарно одвраќање и ќе го гарантира државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Русија“, се наведува во декретот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација