Свет
12. April 2017 - 21:06

Путин имаше средба со Тилерсон

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Кремљ имаше средба со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

На средбата присуствуваше и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не соопшти за што се разговарало на средбата.

Претходно Песков изјави дека Путин ќе се сретне со Тилерсон и со Лавров, ако оцени дека „треба да биде запознаен со преговорите“.