Свет
25. November 2016 - 17:53

Путин и Ердоган телефонски разговараа за решавање на кризата

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган разговараа денеска телефонски за начините за решавање на сириската криза, соопшти Кремљ. 

Во соопшението е наведено дека дискусијата за Сирија била конструктивна и оти двете страни се согласиле да го продолжат активниот дијалог преку министерствата за надворешни работи и одбрана, како и преку безбедносните служби, со цел да се координираат напорите во борбата против меѓународниот тероризам.