Свет
5. February 2020 - 18:27

Путин до аптеките: Ако ги поскапите маските, останувате без лиценца!

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на аптеките дека ќе им биде одземена дозволата за работа доколку ги зголемат цените на заштитните антивирусни маски.

Русија, која минатата недела ги пријави првите два случаи на коронавирусот, веднаш ги врати своите туристи од Вухан, епицентарот на епидемијата, назад во матичната земја.

Путин го ограничи и преминувањето на патници во должина од 4.300 километри на руската копнена граница со Кина.