Македонија
25. September 2015 - 12:36

Пусиќ: Треба да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави во Њујорк дека Хрватска и Србија, кои поради бегалскиот бран ги блокираат меѓусебно границите, треба што е можно побрзо да ги намалат тензиите и да почнат со решавање на бегалската криза.

- Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се започне со решавање на проблемите во партнерство со државите од ЕУ, но и со земји како Турција, истакна шефицата на хрватската дипломатија.

Пусич во Њујорк учествува на 70-то заседание на Генералното собрание на ОН.