Живот
19. October 2017 - 12:41

Пуштил гулаб и принудно слетал авион! На патниците им се слошило, а морала да реагира и брзата помош

Еден од патниците на авион од американска компанија испуштил гас и направил хаос. На патниците им се слошило и сите морале итно да бидат евакуирани од авионот.

Странските медиуми јавуваат дека авионот слетал на меѓународниот аеродром „Рали - Дурам“ во Калифорнија во неделата попладне кога и инцидентот е пријавен. Патниците се жалеле на главоболка и мачнини па морале веднаш да искочат од авионот за да може брза помош да ги прегледа.

Властите го истражиле инцидентот и откриле дека еден од патниците „пуштил гулаб“. Покасно, официјалните лекари соопштиле дека овде всушност станува збор за „медицински проблем“ и поради тоа бил силниот и непријатен мирис.

И покрај напорите на властите, никој од патниците не сакал да признае дека „пуштил гулаб“, па на виновникот за пореметувањето на летот никој не можел да му влезе во траг.