Бизнис
23. April 2018 - 16:28

Пуштена во употреба делницата Демир Капија - Смоквица од автопатот „Пријателство“

Пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица.  Делницата е со должина од 28 километри. Вкупната иунвестиција е 218 милиони евра. Новиот автопат по кој годишно се очекува да минуваат 730 илјади возила ќе го скрати патувањето до границата со Грција за 25 минути. Ќе обезбеди побрз и побезбеден превоз, а се оечкува значително да придонесе и за економскиот раст на земјава.

Иако технички овој дел од коридорот 10 бил најтешкиот за пробивање сепак Македонија ја доби најмодерната  патна делница на Балканот која е градена по Европски стандарди.

На автопатот има 6 мостови, 4 тунели, по два во правец во кои се поставени има 68 камери. Преку контролен пункт кој е сместен во Неготино ќе се следи сосотојбата на автопатот. А уште еден се гради кај Петровец од каде ќе се врши надзор на сите патишта низ земјава.

Со изградбата  на оваа делница целосно се заокружува реконструкцијата  на делот од Коридорот 10 кој минува низ Македонија

Иако денеска официјално беше пуштен во употреба, по новиот автопат Демир Капија Смоквица ќе се вози од утре. Предвидено е да има и две патарини но колку ќе чинат надлежните се уште немаат утврдено.

На отворањето на автопатот дојде и грчкиот министер за транспорт.

Делницата Демир Капија Смоквица почна да се гради пред шест години во 2012.

Европската унија досега има инвестирано над 320 милиони евра во патна и железничка инфрастуктура во земјава.