Македонија
18. April 2017 - 14:14

Пуштен во употреба патот до Сарафовско маало во селото Саса

Пуштен e во употреба патот до Сарафовско маало во селото Саса во Македонска Каменица. Овој пат заедно со локалнот пат до Пречечко маало, каде градежнте работи треба да завршат за еден месец се дел од проектот финансиран со 260 илјади евра, средства кои се грант од ЕУ, а администрирани преку Светска банка.

Васко Десподовски, портпарол на Општина Македонска Каменица истакна дека целта на општината е да се реши патната инфраструктура во сите населени места во општината.

- По повеќе децении, конечно и ова маало во селото Саса дочека изградба на нов асфалтен пат, а со овој, како и со сите други новоизградени патишта во руралните средини, значително се подобруваат условите за живот и можностите за развој на каменичките села. Целта ни е да  се отвораат нови можности за развој на каменичките села, истакна Десподовски.

Тој додаде дека паралелно се работи и на изградба на пристапни патишта во Моштица, нови асфалтни патишта во Цера и Дулица, а неодамна беше пуштен и локалниот пат во село Косевица. 

- Остануваат уште десетина маали по селата без пристапни патишта, но нивната реализација може да ја најавиме за реализација за наредните две години, рече Десподовски.