Македонија
12. јуни 2021 - 16:44

Пунктот за масовна имунизација во Штип ги потроши вакцините

Заврши ревакцинацијата на вакционалниот пункт за граѓаните од истокот и југоистокот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Изминативе 10 дена над 20 000 вакцинирани лица ја примија втората доза од кинеската вакцина „Синофарм“. Од понеделник повторно почнува имунизација со прва доза, но се уште нема информација дали тоа ќе биде со вакцините на „Фајзер“ или на „Синовак“.

- Мене ме радува што луѓето се уште се заинтересирани за примање на вакцина, доаѓаат, прашуваат, некако се навикнаа овој период дека работиме само ревакцина, очекувам веќе од понеделник повторно да има интерес за вакцинација- изјави д-р Дијана Коцева - Миланова, одговорна за Ковид вакцинација Штип 

Масовната имунизација ја стабилизира епидемиолошката состојба на истокот. Во Штип има само 2 активни случаи, а во целиот регион вкупно 17 ковид позитивни. Пробиштип, Пехчево и Берово се трите општини каде нема инфицирани со корона вирусот. Во штипската модуларна болница се хоспитализирани 5 пациенти.