Македонија
11. July 2019 - 21:21

Пукотници во кафуле во Чаир, нема повредени

Синоќа во 22.35 часот во СВР Скопје, Ф.Б. од Скопје пријавил дека пред кафетерија на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје неколку лица испукале неколку куршуми.

Повредени лица нема, а нема ни материјална штета. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.