Македонија
11. August 2015 - 16:42

Пукната цевка им го поплави домот со фекалии - Општината и Водовод креваат раце

Пукнатата цевка од канлизацијата му ја наполни куќата со фекалии на Стојче Спасовски од скопско Сингелиќ.

Подрумот е полн со фекален измет, уништен е голем дел од мебелот кој бил таму, а од смрдеата се жали целата населба.

Стојче го храни своето семејство со иконите и бројаниците кои ги изработува и ги продава на црквите. Вели дека се плаши дека ова ќе му ги уништи темелите на куќата.

Од „Водовод и канлизации“ велат дека оваа цевка не е главна туку е приклучна.

А приклучните цевки не се под нивна надлежност, и нив граѓаните треба да си ги санираат сами.

Ѓеоргиевски апелираше до граѓаните да не фрлаат влажни марамчиња во канлизационата мрежа, затоа што тие се неуништливи и придонесуваат за запушувања кои подоцна водат до вакви дефекти.