Македонија
16. May 2016 - 14:33

Пукано во воздух пред угостителски објект во Кавадарци

Во полициската станица во Кавадарци денеска било пријавено дека непознато лице од возило кое се движело по улицата „Илинденска“ пред угостителски објект испукало неколку куршуми во воздух.

Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска информираше дека инцидентот се случил во 12:55 часот.

На местото на настанот е увидна екипа од полициската станица од Кавадарци и се преземаат мерки за расветлување на случајот.