Македонија
21. September 2017 - 13:44

Пукање во Тетово

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот Н.М. од село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тeшки дела против општата сигурност“. На  18.05.2017 година околу 17 часот во дворот од неговиот дом, пријавениот со својот пиштол  марка ’’Сиг Зауер 229’’, што го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми во воздух, при што била погодена  38-годишната М.О. од село Мала Речица  во пределот на двете нозе.