Македонија
15. јуни 2017 - 10:19

Пукање во Скопје: Татко и малолетен син повредиле маж

 
Триесет и осум годишен скопјанец е тешко повреден откако во него било пукано од огнено оружје.
 
Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 11 часот на автоплац на улицата „Момин поток“.
 
-Т.С. (58) и неговиот 16 годишен син од село Арачиново со пиштоли испукале неколку куршуми кон Б.Ц., по што со возило избегале. Повредениот бил пренесен во приватна болница каде му се констатирани тешки повреди, три прострелни рани, и е задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
 
Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи и се работи на целосно расчистување на случајот.