Свет
8. May 2018 - 14:21

Пукање во Сан Диего: Петмина ранети, полицијата трага по напаѓачите

Во пукањето во Сан Диего се повредени пет лица.

Полицијата во Сан Диего соопшти дека двајца Афроамериканци рано утрово застрелале тројца мажи и жена, додека петтото лице е рането во близина.

Сите жртви од пукањето се наоѓаат во болница и се вон животна опасност, пренесува АП.

Жртвите засега не се идентификувани, а осомничените се опишани како мажи на возраст од 19 до 25 години, високи околу 1.80 метри, во темна облека.