Балкан
22. March 2017 - 16:48

Пукање во полициска станица во Мали Зворник

Во Полициската станица во Мали Зворник изутрината дојде до пукање.
 
Полицијата, откако беше нападната на 23 - годишниот С. А. возвратиле со огнан па со прострелна рана е пренесен во болница.
 
Според неофицијални извори Блиц дозава дека С.А бил приведен синоќе во околината на на Лозница.
 
Тој бил мирен цела ноќ а некаде наутро побарал од Полицијата да оди до тоалет, па му дозволиле и двајца полицајци тргнале со него, а тој во еден момент извадил пиштол и ги нападнал.
 
Меѓутоа полицаецот успеал прв да го извади пиштолот и да го рани напаѓачот, но сепак и полицајците биле повредени , бидејќи С.А успеал да ги удри со пиштолот.