Свет
28. November 2019 - 11:30

Пукање во Њујорк: Петмина ранети, меѓу кои има и две деца, полицијата трага по напаѓачот

Пет лица, меѓу кои и две деца се ранети во пукање во Њујорк, објави Ен Би Си, повикувајќи се на полициски извори.

Пукањето се одиграло во средата нешто пред 16 часот по локално време во Бронкс.

На снимките од надзорните камери се гледа како напаѓачот притрчува кон некое лице и испукува пет куршуми.

Сопственикот на блиската продавница рече дека неколку ранети втрчале во неговиот локал барајќи помош.

Њујорк Тајм објави дека се ранети две момчиња, на возраст од 10 и 14 години, како и една 19-годишна девојка.

Ранетите се префрлени во болница, а никој од нив не е животно загрозен. Полицијата трага по напаѓачот.