Македонија
7. September 2018 - 14:37

Пукање во Гази Баба - непознат сторител ранил куче со воздушна пушка

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д.(45) од Скопје пријавил дека на 02.овој месец во периодот од 23.00 до 23.30 час. на ул. „203“ во нас. Гоце Делчев, непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче и го погодил во пределот на стомакот. 

Тој го однел кучето во ветеринарна болница, а по укажаната помош било вратено дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.