Свет
27. January 2018 - 9:55

Пукање во центарот на Амстердам: Паника на улиците, едно лице убиено, двајца ранети

Холандската полицијата трага по напаѓачот кој во централната улица во Амстердам од огнено оруже усмртни една и рани две лица.

-Едно лице загина, додека други две се префрлени во болница. Моментално не се знае колку се повредите сериозни. Почна детална истрага. Улиците се блокирани, а повеќе информации ќе дадеме кога ќе дознаеме нешто ново, соопшти полицијата на својот Твитер.

 

 

Полицијата потврди дека се истрелани неколку истрели во областа Гроте Витенбургерстрат.

Убиен е маж, тинејџер, пренесуваат локалните медиуми. Полицијата соопшти дека двајца ранети се во болница. Засега не се знае дали се животно загрозени.

Центарот на Амстердам е под полициска опсада, улиците се блокирани, а екипите на итната помош се на местото на пукањето.

Медиумите пренесуваат изјави на очевидци во кои се наведува дека имало неколку напаѓачи со фантомки, кои побегнале по пукањето.