Свет
16. September 2018 - 15:11

Пукање во Брисел: Ранети две лица, напаѓачите избегале - полицијата трага по нив

Најмалку двајца се повредени при пукање во центарот на Брисел, јавуваат странските медиуми.
 
Инцидентот се случил кај еден од баровите на популарна улица, која е неколку минути оддалечена од кралскиот двор, музејот за ликовни уметности и уште неколку други значајни објекти.
 
Повеќе детали се очекуваат подоцна.