Македонија
18. March 2017 - 11:56

Пукање и драма во Арачиново

Вистинска драма се одвивала вчера во 18 часот и 20 минути во Арачиново, во куќата на 20-годишниот Г.Н.

Тој се јавил во полиција и пријавил дека три непознати лица дошле пред неговата куќа во која биле и неговата мајка, брат и сестра. Насилниците почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа, ја отвориле портата и едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух. Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот. Потоа, лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот вооруженото лице кое што седело на возачкото седиште низ отворениот прозорец испукало еден куршум во правец на младото момче.

По настанот, тој излегол од дома и движејќи се пеш околу 19 часот, го забележал истото возило како повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од насилниците повторно испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа, движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец.

Увид  на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури.

Се работи на целосно расчистување на случајот.