Loading Video...
Фудбал
10. April 2020 - 12:27

ПСЖ преку платформа собира донации за бора против Ковид-19

Француски гиганти ПСЖ започнаа платформа за прибирање финансиски средства за да им помогнат на здравствените работници
 
ПСЖ отвори платформа за прибирање финансиски средства за поддршка на здравствените работници во Франција погодена од пандемијата на Корона вирус.
 
Клубот ги повика сите поддржувачи да ја покажат својата солидарност и да донираат 10, 15, 50, 100 или 250 евра во оваа цел. 
 
ПСЖ веќе изрази благодарност на донаторите, преку кои веќе се обезбедени над 200.000 евра вод преку 1.500 донатори како во Франција така и од странство. 
 
Собраните пари ќе одат во  Универзитетската болница во Париз, како и во организацијата на волонтери низ цела Франција, неопходни за здравствениот персонал (сместување, транспорт, достава на оброци, опрема за простории за релаксација и комуникација). 
 
А, во акција „Против глад во Франција и во странство“, фондацијата на ПСЖ, која е партнер на организацијата „Secours Populaire Français„ повеќе од 10 години, веќе направи донација од 100.000 евра. Тие ќе бидат искористи заедно со донациите преку платформата за прибирање средства за обезбедување помош и храна за најпогодените лица.
 
Оваа акција на клубот доаѓа како поттик од нивниот наскапо платен фудбалер Нејмар кој минатата недела беше откриено дека напаѓачот направил тајна донација од 770 илјади фунти на УНИЦЕФ за да помогне во борбата против коронавирусот.