Фудбал
14. September 2016 - 8:31

ПСЖ и Арсенал одиграа нерешено, дуелот во Манчестер одложен

Со осумте натпревари одиграни синоќа, започна групната фаза во фудбалската Лига на шампиони. 
 
Дербито на вечерта се играше во Париз каде францускиот првак ПСЖ ремизираше со Арсенал, додека натпреварот во Манчестер меѓу Сити и Борусија Менхенгладбах беше одложена поради обилни врнежи на дожд. 
 
Резултати од синоќешните натпревари од 1.коло во Лигата на шампионите: 
А група: Париз Сен Жермен – Арсенал 1:1 и Базел – Лудогорец 1:1.
Б група: Динамо Киев – Наполи 1:2 и Бенфика – Бешикташ1:1. 
Ц група: Барселона - Селтик 7:0 и Манчестер Сити - Борусија Менхенгладбах одложена.
Д рупа: ПСВ Ајндховен - Атлетико Мадрид 0:1 и Баерн Минхен – Ростов 5:0.
 
Денеска ќе се играат преостанатите осум натпревари од 1.коло, а двојките се:
Е група: Тотенхем – Монако и Баер Леверкузен - ЦСКА Москва. 
Ф група: Реал Мадрид - Спортинг Лисабон и Легија Варшава - Борусија Дортмунд. 
Г група: Порто – Копенхаген и Бриж – Лестер. 
Х група: Олимпик Лион - Динамо Загреб и Јувентус – Севиља. 
 
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 20:45 часот