Фудбал
3. January 2017 - 15:39

ПСЖ го претстави Дракслер

 
 Германскиот фудбалски репрезентативец Јулијан Дракслер од денеска и официјално е нов играч на францускиот шампион ПСЖ. Тој денеска потпиша договор во времетраење од четири и пол години.
 
Поранешниот клуб на Дракслер, Волфсбург, од трансферот заработи скоро 40 милиони евра.
 
23-годишниот Дракслер ќе заработува пет милиони евра годишно.
 
Оваа сезона тој за Волфсбург настапи на 13 натпревари, не постигна гол и имаше две асистенции.
 
Интерес за негов ангажман покажуваше и Арсенал, но трката за потписот на Германецот ја доби Пари Сен Жермен.